Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу ја изврши својата граѓанска должност и гласаше на претседателските и парламентарните избори во земјата, јави агенцијата Анадолија.
Во придружба на неговата сопруга Хулја, тој гласаше во Аланија во провинцијата Анталија.
Чавушоглу посака гласовите на граѓаните во земјата и странство да бидат корисни за татковината и нацијата, за мир, стабилност и посилна Турција.
Според него, во изминатиот период политичарите кажале сè што имале.
– Понекогаш го кажавме она што требаше да се каже. Понекогаш можеби рековме и повеќе. Но, денес зборот го има нацијата. Ние велиме дека суверенитетот безусловно и припаѓа на нацијата. И веруваме во предвидливоста на нашата нација. Среќно уште еднаш,“, рече Чавушоглу.
Граѓаните на Турција денеска гласаат на претседателски и парламентарни избори, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места.
Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а за првпат ќе можат да гласаат повеќе од 4,9 милиони турски граѓани
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.