Органите на Србите киднапирани во Косово кон крајот на 1990-тите се продаваа на црниот пазар по следните цени: 300.000 марки за срце, 60.000 марки за бубрег и 10.000 марки за пет литри крв,пренесува „Курир.рс“.

Главен човек за оваа работа бил Јакуп Красниќи, поранешен портпарол на терористичката Ослободителна војска на Косово (ОВК). Меѓу вклучените биле и поранешните водачи на ОВК Рамуш Харадинај и Хашим Тачи, кои подоцна беа премиер и претседател на Косово. Сите заработиле милиони на овој начин.

Органите на Србите, Ромите и нелојалните Албанци биле вадени на неколку локации – најчесто во Албанија – вклучувајќи ја и злогласната „жолта куќа“. Жртвите обично не биле заспивани пред да се земат органите, туку биле исечени и живи искасапени. Веднаш по отстранувањето, органите биле ставени во посебни фрижидери и транспортирани.

Сето ова, меѓу другото, стои во исказот на сведокот соработник во случајот со трговија со органи, а до кој дојде „Курир,рс“. Станува збор за сведочењето на човек кој лично им извадил органи на луѓето.

 Организатори на целиот „бизнис“ со органите беа началникот Јакуп Красниќи а меѓу организаторите се Рамуш Харадинај, Хашим Тачи и Сабит Геци. Бидејќи беа команданти, ни наредија кој и кога и каде да ги префрлиме затворениците и така беше. Имаше многу војници кои немаа поим што се случува со затворениците, бидејќи малкумина од нас до крајот знаеја што се случува со затворениците. Овие команданти на ОВК и малкумина од нас војниците знаеја за сето ова. Секој заработил пари на свој начин. Овие началници земале многу пари за тоа, бидејќи тогаш 300.000 марки беше едно срце. 60.000 марки за бубрег, бидејќи се си имаше своја цена. На пример, 10.000 марки беа пет литри крв, особено крвната група „нулта негативна“, бидејќи ј има малку. Луѓето не ги носеа само така на операции, затоа што прво ќе одеа на детални прегледи, па дури потоа. Никој не е глуп да купува органи само така-изјави сведокот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.