Народните претставници не го одобрија Николај Габровски за премиер на Бугарија, пренесе „Бгнес“.
За кандидатурата на професор Габровски за премиер со првиот мандат на ГЕРБ-СДС гласаа 113 пратеници, а против беа 125 народни избраници.
Според правилата, кога кандидатот за премиер нема да биде одобрен од Народното собрание, не се гласаат следните две одлуки за структурата и составот на кабинетот. Пред гласањето пратениците три часа расправаа за предлог-кабинетот.
Габровски рече дека е вознемирен од она што го гледа.
Имам чувство дека сме во предизборна кампања. Овие 7 точки се во интерес на сите граѓани. Што е нејасно во тоа што треба да се гласа буџет за следната година, што е нејасно што добивме шлаканица за шенген. Не можам да прифатам дека во овие седум точки нема специфики. Ми се чинеше дека сите се согласија оти нема начин да се оди по овој правилен пат ако немаме функционален парламент. Сите се согласуваат дека е добро и го поддржуваат, но нема да поддржат влада, а потоа доаѓа изборната реторика. Мојата слободна волја да допрам до сите политички сили и мојот обид да допрам до сите и да ги обединам луѓето со професионализам е јасно видлива – рече Габровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.