Наследникот на големото ренесансно семејство и истакнати претставници на дебарската уметничка школа е современиот џелат на Бугарите во  Македонија, Љубомир Фрчковски. Вака бугарски „Фактор.бг“  го опишува сѐ уште актуелниот амбасадор во Обединетите нации.

За бугарскиот весник, Фрчковски е  претставник на големо бугарско ренесансно семејство кое низ историјата се врти против Бугарија.

Семејството потекнува од Галичник и произвело многу истакнати претставници на дебарската уметничка школа, една од трите големи уметнички училишта за време на бугарската ренесанса, заедно со училиштата Тревнен и Самоков.   Еден од големите претставници на Дебарската школа е Макрии Негриев Фрчковски, кој е роден во 1800 година во Галичник.

Тој е еден од резбарите што го направија иконостасот на црквата Свети Спас во Скопје, каде што денеска почиваат смртните останки на Гоце Делчев.

Макрии починал во Пазарџик во 1849 година и бил погребан зад олтарот на црквата.

Извор: Фактор.бг



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.