Бугарската собраниска комисија за надворешна политика усвои Декларација за Македонија во која силно ги осудува актите на насилство врз Бугарите, нивните клубови и организации и, особено, се осудува насилството врз Христијан Пендиков.

Декларацијата ги повикува македонските власти да преземат итни и ефективни мерки за борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза во сите форми и манифестации против бугарските граѓани и граѓани со бугарски идентитет. Во неа се искажува и загриженост од можноста со ескалација, како што пишува, на анти-бугарската кампања во Македонија да се загрози процесот на вклучување на Бугарите во уставот на земјата.

За оваа декларација ќе треба да се гласа во бугарското собрание.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.