Нови избори во Бугарија, стара реторика кон Македонија. Експертите децидни дека и во можност да се формира нова политичка влада во Бугарија, за што шансите се многу мали, долгогодишните ставови на официјална Софија ќе останат исти. Другото сценарио, со поголема веројатност за реализација е малцинска влада, која нема да има простор да менува од сегашните ставови на источниот сосед.

Тешко ќе биде повторно Бугарија да формира политичка влада, затоа што процентите на истражување и на „Алфа рисрч“ и на „Маркетинг линкс“ се такви што двете коалиции, ГЕРБ и СДС, и, Продолжуваме со промените со Демократска Бугарија, се изедначени и може да очекува формира малцинска влада само со поддршка од ДПС и Возрждание и тука малцинска влада нема да има можности да промени било што од она што е денеска“ вели поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.  



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.