Бугарија се наоѓа пред нови парламентарни избори откако партијата Продолжуваме со промената не успеа да обезбеди поддршка од 121 пратеник за формирање нова владина коалиција. Асен Василев, кој беше предложен за нов премиер, нема да формира влада и му го врати мандатот на претседателот Румен Радев.

Откако ГЕРБ на Бојко Борисов ја одби понудата, Радев уште еднаш може да го додели мандатот, но бугарските медиуми веруваат дека шансите за формирање влада без нови избори сега се многу мали.

„Пред една година, граѓаните веруваа дека со Бугарија може да се управува на поинаков начин. Мисијата за промена на нашата земја е историска и тешка, но Бугарите ќе ја остварат“, кажа Радев.

По неколку избори кои не решија ништо, Кирил Петков беше избран за премиер во декември минатата година, но на неговата влада неодамна ѝ беше изгласана недоверба во парламентот по повлекувањето на Има таков народ од владејачката коалиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.