Русија во моментов претставува ризик за националната безбедност на Бугарија. Засега нема директна закана за вклучување на Бугарија во воен конфликт, изјави бугарскиот технички министер за одбрана Димитар Стојанов.
– Бугарија има стари советски системи за воздушна одбрана и затоа е неопходно да се учествува во заеднички систем, изјави Стојанов во Брисел, каде што учествуваше на дводневниот состанок на колегите од НАТО, јави БТА.
Според него, на Бугарија итно и е потребен таков систем.
Стојанов објави дека заедно со уште 14 земји од алијансата потпишал писмо со намери за создавање европски противракетен штит.
Тој истакна дека на состанокот на НАТО не било разговарано прашањето за тврдењата на Русија дека камионот разнесен на Керченскиот мост минал низ Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.