За време на сослушувањето на министерот за регионален развој и јавни работи на Бугарија Гроздан Караџов во парламентарна комисија, беше соопштено дека Бугарија ќе изгради два магистрални патишта од Бургас до Мало Трново до турската граница, а вториот – од границата кај Ѓуешево, Ќустендил до Дупница.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, вториот магистрален пат, како што се планира, е од границата со Македонија преку граничниот премин кај Ѓуешево во Ќустендил до Дупница, каде што ќе се направи врска со магистралата Струма.

Караџов не можеше да ги коментира роковите за подготвувањето на идејниот проект и другата основна документација бидејќи работата за делницата е почната од скоро, со активизирањето на односите со Македонија.

Според него, ќе се изгради нов магистрален пат, а постоечкиот пат, кој минува низ многу населени места, ќе остане алтернативен



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.