Подобрувањето на прекуграничниот сообраќај, како еден од главните приоритети на Владата, е водечка тема на претстојните средби на министерот за транспорт и врски на Бугарија, Николај Сабев со неговите колеги од Македонија, Турција и Романија.

Од прес-центарот на Министерството соопштија дека целта е побрзо движење на патниците и стоките на запад, југ и север.

Првата средба е со министерот за транспорт и врски на Македонија, Благој Бочварски, на 25 јануари. Тоа ќе биде дел од заедничката средба на владите на двете земји во Софија.

На 27 јануари 2022 година во Свиленград ќе се разговара за мерките за подобрување на патниот сообраќај меѓу Бугарија и Турција, особено за граничните пунктови „Капитан Андреево“ – „Капакуле“ и „Лесово“ – „Хамзабејли“.

Забрзаното движење на луѓе и стоки ќе биде тема и на средбата со вицепремиерот и министер за транспорт и инфраструктура на Романија, Сорин Михаи Гриндиану на 28 јануари во Русе. На средбата се очекува да се разговара за можностите за подобрување на поврзаноста меѓу двете земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.