Бугарија одобри купување на еден сет од системот за воздушна одбрана „IRIS-T SLM“ произведен од германската компанија „Diehl Defence“. Вредноста на договорот е 182 милиони евра, а испораката е планирана за 2027 година. Документот вклучува опција за набавка на пет дополнителни комплети „IRIS-T SLM“, како и систем за воздушна одбрана со долг дострел „IRIS-SLX“.
Купувањето ќе биде направено како дел од иницијативата „European Sky Shield“, чија цел е да се создаде слоевит систем за противвоздушна одбрана над воздушниот простор на ЕУ. Според некои извештаи, дел од трошоците ќе бидат покриени од САД како компензација за Бугарија за испраќањето на нејзините системи за противвоздушна одбрана и ракети во Украина во 2023 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.