Кога ќе видиме конкретни чекори и гаранции од Владата на Република Македонија дека прашањата не се одложуваат, туку се решаваат, подготвени сме да се согласиме за одржување на првата меѓувладина конференција, изјави заменик-шефот на бугарската дипломатија Васил Георгиев по денешната трилатерална средба во Атина, на која учествуваше заедно со неговата колешка од Романија, Даниела Григоре Гитман и домаќинот, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис, јави дописничката на МИА од Атина.
Одговарајќи на новинарско прашање за ветото на Бугарија за европерспективата на Македонија, Георгиев се осврна на зборот „вето“, велејќи дека сака да разјасни оти Софија „не се согласи за датум за првата меѓувладина конференција на која ќе биде одобрена преговарачката рамка“.
Тој истакна дека Бугарија ја поддржува интеграцијата на Македонија и Албанија во ЕУ, но конкретно од земјава „бара конкретни чекори и гаранции“.
– Има некои чекори што треба да се преземат од Владата на Република Македонија, особено на полето на исполнување на нивните обврски, согласно нашиот Договор од 2017 година за добрососедски односи. Би сакале некои конкретни чекори и да видиме некои гаранции дека прашањата меѓу нашите две соседни земји нема да бидат одложени, туку се обидуваат да се решат. Кога ќе видиме конкретни чекори и гаранции, подготвени сме да се согласиме за првата меѓувладина конференција, рече Велинов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.