Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, изјави дека не се сомнева дека ќе се утврди политичка одговорност за трагедијата на Железничката станица во Нови Сад и истакна дека власта во последните десет години никогаш не бегала од одговорноста и оти претставниците на опозицијата уште еднаш покажаа дека не ги интересира човечката трагедија, туку како да дојадат на власт, јави дописникот на МИА од Белград.
Политичката одговорност секако ќе биде утврдена и апсолутно не се сомневам во тоа, бидејќи знам што направивме по трагедијата во мај 2023 година (Рибникар и Младеновац). Во ниту еден момент не се криевме зад функцијата, во ниту еден момент не ја чувавме функцијата, изјави Брнабиќ за ТВ Хепи.
Таа потсети дека тогашниот министер за образование Бранко Ружиќ поднел оставка и дека таа како премиер во Собранието понудила оставка.
Ресорниот министер си поднесе оставка, а јас штом отидов во Собрание кажав да сметаат и на мојата. Но, тие (опозицијата) рекоа: Не, нема да не измамите, не сакаме да имаме избори. Па, тогаш на почетокот на септември побараа избори и ги добија, рече Брнабиќ.
Таа изјави дека додека спасувачите во Нови Сад сè уште барале преживеани под урнатините, опозицијата за тоа време „одржила состанок“ да види како да ја искористи трагедијата политички, додавајќи дека тоа е „човечка катастрофа“ и дека е „монструозно“.
Брнабиќ, коментирајќи ги плакатите во Нови Сад со фотографии од премиерот и неколку министри Горан Весиќ и Тома Момировиќ, праша за што е виновен премиерот Милош Вучевиќ и изјави дека треба да се види за кое време се работи кога се случиле грешките, а Вучевиќ може тогаш да бил градоначалникот на Нови Сад кој не е одговорен за тој проект, или министер за одбрана.
Ако го сакате премиерот, тогаш побарајте ја мојата глава. Не ја барајте главата на премиерот кој стана премиер по изборите во 2023 година, рече Брнабиќ и додаде дека само во Србија се „политичари“ во вакви трагедии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.