Горската служба за спасување на Косово спасувала британски дипломат, кој е повреден на Шар Планина.
Како што пишува албански „Телеграфи“, повик за помош е примен во 14.20 часот, а веднаш се организирала акција за спасување.
Во брза координација со полицијата и ски-центарот, овозможено е превезување на спасувачите со жичницата до највисоката точка, додека друга екипа почнала со искачување до повредениот со опрема за помош и евакуација од земја.
За среќа, спасувачите успеале да стапат во контакт со повредениот, кој успеал да даде координати каде се наоѓа. Со леснотија се стапило во контакт со него и со друго лице кои било во придружба на дипломатот, но немале пристап. На двајцата по телефон им се дадени совети да останат мирни и за други безбедносни елементи.
Во меѓувреме пожарникари почнале да пружаат поддршка и да се приближуваат до тоа подрачје. Повредениот е лоциран во 16.25 часот, на местото викано Црвена стена, каде за жал се лизнал и паѓал околу 450 метри.
Повредениот дипломат е евакуиран со хеликоптер на КФОР, а двајцата се превезени во болница каде добиле лекарска помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.