Радоје Живковиќ, познат како Жути (36), истакнат член на кавачкиот клан и роднина на водачот на таа криминална група Радоје Звичер, кој беше уапсен во Истанбул за убиството на првиот човек на кланот  Јован Вукотиќ се сомнева дека стои зад најмалку 10 ликвидации!

Инспекторите се сомневаат дека тој ја организирал ликвидацијата во Крф, Атина, Црна Гора и Паг.

Покрај Живковиќ, уапсен е и Здравко Перуновиќ (46), како и уште 10 лица чиј идентитет се уште не е соопштен.

– Се сомнева дека го финансирале и организирале убиството на Јован Вукотиќ во Истанбул на 8 септември годинава. Сè уште се утврдува индивидуалната улога на секој од нив, како и дали меѓу уапсените се и директните сторители кои од мотор во движење пукале во автомобилот во кој бил Вукотиќ со бјелополчанецот Е.К., неговата бремена сопруга и ќерката – објавува „Курир.рс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.