Сопругот на Ана Волш криел од семејството дека таткото Томас (71) починал во Индија за да му ги украде милионите долари во готовина, уметност и други скапи предмети.

Брајан го ограбил и мртвиот татко а за да го изведе тој трик, тој криел од семејството дека Томас починал во Индија во 2018 година. Случајно, смртта на неговиот вујко ја открил братучедот на Томас.

Вредноста на пленот на Брајан, кој почнал да го вади од куќата во Хал додека неговиот татко бил сè уште жив, изнесувал околу милион долари, во кеш, но и вредни слики на Салвадор Дали и Хуан Миро.

Братучедот на Томас дознал дека тој е мртов дури во 2019 година во разговор со пријателот на неговиот вујко. Семејството беше шокирано. Сите веќе знаеја дека Брајан е исфрлен од тестаментот и дека најверојатно се обидел да го фалсификува тој документ. Оригиналот е зачуван бидејќи адвокатот на Томас го снимил во 2016 година.

Брајан се обидел да го продаде имотот во Хал за 850.000 долари, иако проценетата вредност била 710.000 долари. Преку огласи на интернет се обидел да продаде и други луксузни предмети од куќата.

Дел од украдените пари веднаш ги потрошил на патувања и купување подароци за Ана, меѓу кои и скапо Масерати.

Кога судот на оставинското рочиште побарал список со предметите што ги извадил од куќата на неговиот татко, тој одбил да им ја даде. Откриено е дека Брајан само од банкарските сметки на Томас повлекол 100.000 долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.