Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов вчеравечер беше пуштен на слобода откако му истече 24-часовниот притвор, јави дописникот на МИА од Софија. Тој рече дека не бил обвинет и дека цивилната полиција му кажала дека треба да биде приведен.

Загрижен сум следниот пат да не ме убијат, додаде тој.

Ослободени се и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и портпаролката на поранешната влада на Борисов, Севдалина Арнаудова. Од бугарското МВР коментираат дека нивната акција била спроведена со целосно почитување на законот и лицата против кои се преземени процесни и истражни дејствија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.