Во Грција уапсени се 13 туристи од Казахстан бидејќи со огномет предизвикале пожар на островот Хидри, во Аргосаронскиот залив на Егејското Море, меѓу Атина и Пелопонез.

Одземена е и изнајмената јахта од која во петокот вечерта беше испланиран огнометот, објави вечерва грчката комерцијална РТВ СКАИ.

Според информациите, тие биле уапсени благодарение на извештаите на сведоците и навигацискиот надзор набрзо по избувнувањето на пожарот во боровата шума, на Хидра, каде што паднале ракетите од нивниот огномет. Пожарникарите го изгаснале пожарот истата вечер.

Уапсените Казахстанци во недела наутро по итна, задолжителна постапка ќе бидат изведени пред кривичниот обвинител во Пиреја.

Хидра е една од главните точки на туризмот за богатата клиентела во Грција, особено наутичкиот туризам. Името го добила затоа што има невообичаено голем број на извори на вода, а е многу пошумена. За да се зачува природата, на островот нема моторни возила. Плажите на островот се меѓу светски познатите плажи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.