Поранешниот албански претседател, експремиер и актуелен лидер на побројното крило на опозициските демократи, Сали Бериша го обвини актуелниот премиер Еди Рама за вчерашното обраќање пред Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Според Бериша тој „врши притисок врз меѓународните институции со влошување на позициите на поранешните лидери на ОВК во Хаг”.
– Еди Рама му заби нож во грб на Косово. Тој игра оро на грбот на оние во Хаг. Тоа е Магбет. Затоа што тие не се бранат со обвинување на Советот, напротив, не можете да одите во Советот на Европа и да вршите притисок врз правдата со Линдита Никола( претседателка на албанскиот парламент) таму, рече Бериша.
За Бериша, ако Рама сака да му помогне на Косово, тогаш треба да преземе конкретни активности и да предложи резолуција за да ги побие обвинувањата за наводна трансплантација на човечки органи во Фуш Круја и Мат.
Вчера Рама имаше обраќање во Стразбург во врска со резолуцијата усвоена од албанскиот парламент со која се бара извештајот на Дик Марти за шверц со човечки органи за време на војната на Косово, во северниот дел на Албанија да се преразгледа и да се отфрли ” бидејќи и по 11 години нема ниту еден доказ за тоа”.
Обраќањето на Рама предизвика лавина реакции од пратениците на ПССЕ, при што повеќето од нив тоа било нетактичен, срамен и шокантен говор.
Претседателството на ПССЕ , пак, ја откажа работната вечера со Рама, поради, како што велат оттаму, „дрскоста и навредите кон многумина”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.