Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Србија.

Потресот е регистриран во регионот на Кладово, а се тресело и во Зајечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови во источна Србија. Некои граѓани го почувствуваа и во Ниш.

Епицентарот на земјотресот бил кај Текија, а бил почувствуван на длабочина од 11 километри.

Според сведочењето на жителите на Кладово, ѕидовите, плакарите, креветите, добро се затресле во моментот на потрес.

Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.

Засега нема извештаи за евентуална штета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.