Прашањето за членството на Косово во Советот на Европа треба да се разгледа подоцна, изјави францускиот министер за европски прашања, Баро, бидејќи според него, во оваа фаза постои ризик прашањето за Косово да предизвика поделби меѓу државите во Советот на Европа.

Министерот Баро пред седницата на Комитетот на министри рече дека Франција е една од членките на Советот на Европа која го признава Косово и верува дека во иднина Косово ќе биде дел од Советот на Европа. Комитетот на министри се состана денеска во Стразбур, додека прашањето за членството на Косово остана надвор од дневниот ред.

Од Косово се бара формирање на заедницата на српски општини. Косовската извршна власт во четвртокот испрати писмо до Советот на Европа дека го подготвува нацрт-статутот, кој треба да биде доставен на разгледување до Уставниот суд. Во заедничко писмо, германската канцеларка, премиерот на Италија и претседателот на Франција му упатија порака на косовскиот премиер, дека мора да се формира заедницата на српски оптини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.