Експо банка, која во 2017 година ја купи Игор Владимирович Ким, кој со години е близок до шефот на Кремљ, пред неколку дена премина во други раце.
Игор Владимирович Ким, еден од најбогатите Руси, високо на листата на Форбс, ја продаде својата банка во Србија и повеќе нема бизнис кај нашиот сосед.
Ким во 2017 година ја купи тогашната Марфин банка, која сега работи во Србија како Експо банка, а пред неколку дена беше објавено дека е продадена на Адриатик банка од Подгорица, една од најмладите црногорски банки.
Покрај банкарскиот и многу други бизниси, Ким е познат и по неговата блискост со шефот на Кремљ Владимир Путин, поради што и западните и руските медиуми го нарекоа банкар на Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.