Поради поплавите од претходните денови автопатот Атина –Солун сѐ уште е затворен за сообраќај во двата правци во делот околу Лариса, а според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, во тек е работа на патот за да може набргу да се отвори, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на состојбата на патната мрежа по невремето „Даниел“, Маринакис рече дека се отворени сите главни патишта меѓу Лариса, Кардица и Трикала, а пуштен е сообраќајот и на релација Трикала-Кардица.

Сообраќајот на автопатот Атина- Солун и во двата правци е во прекин од саботата, а завчера, најавите беа дека ќе бидат потребни најмалку два дена решавање на проблемот со поплавата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.