Автомобилот на Националната гарда во кое било семејството на судијката на Специјалниот антикорупциски суд, Ирена Ѓока, синоќа доживеало сообраќајна несреќа во месноста Селита во Тирана, во која за среќа нема повредени, објавија медиумите.

Во него според првичните истражни дејствија удрил автомобил на припадник на полицијата од градот Елбасан, кој изјавил дека изгубил контрола поради дождот и удрил во другиот автомобил, кој е дел од зајакнатите безбедносни мерки кон судијката Ѓока, кои беа воведени откако, на 20 октомври годинава, таа донесе одлука за поранешниот премиер Сали Бериша за задолжително јавување во суд.

Таа вчера за 26 декември го закажа рочиштето за испитување на барањето на Специјалното обвинителство за замена на безбедносната мерка „од задолжително јавување“ во „куќен притвор“ против Бериша, обвинет за пасивна корупција во соработка во аферата со приватизацијата на поранешниот спортски комплекс „Партизан“ во Тирана.

Барањето дојде откако Собранието пред два дена му го одзеде пратеничкиот имунитет, со што го овласти СПАК да го уапси Сали Бериша, откако тој неколку пати одби да ја исполни обврската да се појавува во судот.

За овој настан, за кој полицијата не дава повеќе информации, во истрагата и спроведување итни проверки, вклучени се и албанската тајна служба, ШИШ и Националната гарда. Од неодамна Гардата го зголеми бројот на телохранители за да ја заштити судијката Ѓока, која и понатаму се соочува со последователни вербални напади и јавни уцени во изјавите на Бериша дадени на пресконференции, што се пренесуваат во живо или на неговите политички средби со пратениците и приврзаниците, додаваат медиумите.

Како шефица на Специјалниот суд, Ѓока имала четворица телохранители, додека оваа бројка се зголемила на шест од 20 октомври, кога ја потпишала наредбата за мерките кон Бериша како и мерката затворски притвор за неговиот зет за ќерка, Јамабер Малтези. Двајцата се обвинети за пасивна корупција во аферата со приватизацијата на поранешниот спортски комплекс „Партизан“, која резултираше со изградба на 19 кули и профит од 5,4 милиони евра на Малтези, кој е обвинет и за перење пари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.