Австриската војска ќе испрати дополнителни 120 војници во мисијата на ЕУФОР во Босна и Херцеговина, како засилување поради судирот во Украина.

Според извори од армијата на кои се повикуваат австриски медиуми, одлуката е донесена поради стравување дека моменталната ситуација во Украина би можела да има последици и врз регионот на Западен Балкан и зачувувањето на безбедноста и стабилноста.

Командантот на мировната операција на ЕУ во БиХ, генерал Брис Худe, побара активирање на резервните сили, со што се активирани војниците од резервата на Австрија, Бугарија, Романија и Словачка.

Во моментов сме соочени со критичен развој во Украина. Наместо, како што би сакале, решавање на проблемите по дипломатски и мирен пат, избрано е оружјето и агресија. Војната како средство за спроведување на власта не е решение – порача австриската министерка за одбрана Клаудија Танер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.