Грчките противпожарни служби и луѓе од вооружените сили го истражуваат местото каде што во текот на ноќта се урна авион „Антонов“, во заедницата Антифилипи во општината Пангаиос, западно од Кавала.

На местото на настанот е подигнат дрон за да се испита целата област каде што се урнало леталото. Првите снимки се шокантни бидејќи покажуваат дека ништо не останало од авионот, а неговиот „труп“ е изгубен во полињата во областа.

Според она што досега познато, транспортниот авион полетал од Србија за Јордан со комерцијален транспортен лет, имал осумчлен екипаж и превезувал „опасен товар“ – муниција од вкупно 12 тони.

Авионот се урнал откако пилотот побарал итно слетување во Кавала, но не успеал да стигне до аеродоромот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.