Авион се сруши вечерва во близина на грчкиот град Кавала, јавуваат грчките медиуми. Според првите информации, леталото што се урнало било од типот Антонов и пилотот побарал од него итно да слета во Кавала, но не успеал.

Екипите на ЕМАК од Солун и Комотини пристигнале на местото на настанот, додека според тамошните медиуми се слушаат експлозии и прекин на електричната енергија во околните населени места, откако при падот ги пресекол каблите за струја. Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека интервенираат 15 пожарникари со седум возила, а на местото каде што падна авионот пристигнуваат спасувачки екипи.

Понатаму, се чини дека авионот од типот Антонов имал 4 мотори, од кои едниот се запалил, поради што пилотот побарал итно слетување во Кавала. Авионот, за кој се наведува дека е комерцијален бил на лет од Србија за Јордан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.