Свекрвата на Ана Волш, била забележана пред домот на исчезнатата Србинка од Масачусетс.

Облечена во сив капут  се шетала во близина на куќата на синот и снаата на 7 јануари.

Дијана Волш е мајка на Брајан Волш осомничен за исчезнувањето на неговата сопруга и беше наредено да биде задржан со кауција од 500.000 долари.

Тој е единствениот човек кој се грижи за мене и секогаш е тука за мене. Се потпирам на него за се што ми треба во животот. Брајан ме носи на лекар на сите мои прегледи поради повеќе операции за рак на белите дробови и други здравствени проблеми – се пожали Дијана.

Таа призна дека не биле во добри односи со Ана.

За жал, немам добри односи со снаа, причината веројатно се културните разлики. Затоа мојот син е единствената стабилна точка во мојот живот, особено она што ме прави среќна е што поради неговата грижа можам да ги видам моите внуци – вели мајката на Брајан Волш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.