„Добредојдовте на прес конференцијата на победничката партија“, вака премиерката на Србија, Ана Брнабиќ го започна обраќањето, на повеќе од еден час од затворањето на изборните места на денешните вонредни парламентарни и локални избори.
„Според обработени 50% од избирачките места, листата на СНС има 47,1 проценти од вкупниот број гласови„ истакна Брнабиќ и објасни дека според досега изброените гласови тие имаат повеќе од 125 пратенички места во парламентот.
Според податоците на СНС, листата „Србија против насилство“ има околу 23 проценти од гласовите.
Таа како невистини и инсинуации ги прогласи информациите поврзани со нерегуларностите во изборниот процес и изборниот ден кои ги ширеле проопозициските медиуми.
Во однос на резултатите за градоначалник на Белград, Брнабиќ истакна дека изјавите на опозицијата за наводна победа се неточни и во текот на вечерта ќе споделат повеќе информации.
Таа се заблагодари на претседателот Александар Вучиќ за борбата во највалканите избори досега и фактот дека тој дозволил да се искористи неговото име за победа на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.