Военото аташе на американската амбасада во Србија, Кори Шеј, изјави дека се надева оти воените вежби на Србија со западните партнери ќе продолжат и додаде дека САД ја охрабруваат Србија да ја зголеми набавката на воена опрема од Запад.

Целосно го разбираме мораториумот на вежбите со Руската Федерација во момент на нивната агресија во Украина и се надеваме дека Србија наскоро ќе продолжи со вежбите со западните партнери – изјави Шеј во интервју за Демостат.

Шеј оцени дека особено треба да се зголеми набавката на опрема за воздухопловните и ПВО системи.

Потпирањето на Србија на руската и кинеската опрема, особено на полето на авијацијата и противвоздушната одбрана, ги ограничува нашите можности за соработка, бидејќи имате ситуација кога нашата опрема не се совпаѓа со кинеската и руската опрема – порача Шеј.

Тој додаде дека САД обезбедиле опрема вредна повеќе од 14 милиони долари за работа на Центарот за обука за мировни операции во базата „Југ“, возила од брендот Хамер, опрема за борбена симулација, падобрани, машини за изградба на патишта, опрема за дигитална симулација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.