Американскиот носач на авиони Хари С. Труман предводи борбена група на воена вежба во Јадранот.

Командантот на бродот одбил да шпекулира што ќе се случи по завршувањето на вежбите во наредните денови, пренесе агенцијата Хина.

Одлуката за тоа каде ќе биде распоредена американската борбена група е донесена на ниво на министер за одбрана“, изјави американскиот контраадмирал Курт Реншо.

Тој ја изрази подготвеноста на морнарицата да дејствува насекаде, како и да планира да дејствува онаму каде што е најпотребно, пренесе Б92.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.