Американската амбасада во Приштина соопшти дека владата на Соединетите Американски Држави е „длабоко разочарана“ од едностраните, некоординирани акции кои ги презема владата во Приштина против Поштата на Србија на северот на Косово.

„Косовските некоординирани акции ги ставаат граѓаните на Косово и војниците на Кфор во поголем ризик, непотребна ескалација на регионалните тензии и ја поткопуваат репутацијата на Косово како доверлив партнер“, се наведува во соопштението објавено на социјалната мрежа Икс.

Амбасадата на САД апелира до приштинските власти да „прекинат со понатамошни еднострани акции и да се вратат на конструктивно учество во дијалогот под покровителство на ЕУ за да се решат прашањата поврзани со нормализацијата на односите на Белград и Приштина“.

Полицијата на Косово вчера затвори девет објекти на Поштата на Србија во четирите српски општини на северот на Косово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.