Според анкетата на „Алфа Рисрч“, спроведена од 27 август до 2 септември 2022 година, ГЕРБ има 23,4 отсто, а „Продолжуваме со промената“ 17,5 проценти поддршка, јави дописникот на МИА од Софија.

На трето место е Движењето за права и слободи со 10,9 отсто.

Според резултатите од анкетата на четвртото место е Бугарската социјалистичка партија (9,8), потоа следат националистичката „Преродба“ (9,5) и „Демократска Бугарија“ (7,5 проценти). Додека на прагот на влез во 48. Народно собрание е партијата на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев „Бугарски подем“ со 4,2 отсто и партијата на ТВ водителот и шоумен Слави Трифонов, која сега има 3,9 отсто поддршка.

Резултатите од анкетата покажуваат дека на избори ќе гласаат 48 отсто од бугарските граѓани односно 2,6 милиони Бугари, што е приближно колку и на парламентарните избори во Бугарија во ноември минатата година.

На прашањето „која партија има најголема веројатност да ја формира идната влада?“ 26,4 отсто од испитаниците одговориле ГЕРБ, а 24,2 проценти се изјасниле за „Продолжуваме промената“, а само пет отсто оцениле дека е можна коалиција меѓу нив.

Како најсериозни проблеми за бугарските граѓани се инфлацијата (89), цените на енергенсите (86) и здравството (83проценти).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.