Озлогласениот албански криминалец Селамет Мехметај, кој себеси се нарекува „Ѓаволот“ и тврди дека ги распарчил своите ривали на парчиња, продолжува да се фали со своите подвизи зад решетки.

Мехметај (30) ги објави сликите на социјалните мрежи неколку дена откако  добил  мобилен телефон што бил прошверцуван во затворот.

Тој беше осуден на четири и пол години затвор во август 2023 година за водење на група за шверц за дрога од повеќе милиони фунти.

Во 2021 година, Мехметај опиша како киднапирал и ги отсекол прстите на ривалот кој му се налутил.

– Го ставив во подрумот од куќата каде што одгледувавме трева, го тепав три пати на ден, не ми даде избор, му отсеков два прста – се пофали Мехметај.

Албанскиот нарко бос водеше две фабрики за канабис скриени во домови во предградие на северен Лондон во кои има илегални имигранти.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.