Според извештајот на Обединетите нации Албанија ја има третата по големина дијаспора во светот, јави Топ чанел.

Според оваа листа, 30,7 отсто од албанското население живее во дијаспората.

– По падот на комунизмот во раните 1990-ти години, многу луѓе заминаа во потрага по подобри економски можности, на пример, Западна Европа, се вели во извештајот.

Денес, најголем дел од Албанците во странство се населиле во Италија, Грција, Велика Британија, САД  и многу други земји, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Обезбедувањето подобар живот постојано ги турка Албанците масовно да си заминат. Младите и членовите на семејствата велат дека ниското економско ниво и немањето перспектива за иднината ги турка да најдат решение надвор од местото каде што се родени и израснати, пренесува телевизијата.

На второ место според овој извештај е Босна и Херцеговина, каде како резултат на крвавите војни, 34 отсто од населението живее во странство.

Ова се однесува и на Сирија, каде што околу 30 отсто од населението од 28 милиони сега живее во странство, како и Јужен Судан (21 отсто).

Списокот на земји со најголем процент од домородното население кое живее во дијаспората открива историја на војна и раселување, но и економска стагнација и недостиг на перспектива.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.