Министерот за внатрешни работи Таулант Бала денеска најави дека од идната недела ќе се користат беспилотни летала „Бајрактар“ за контрола на албанската територија и откривање случаи на одгледување канабис, што ќе го надополни воздушниот мониторинг од авионите на Guardia di Finanza.
Тој најави дека 2024 година треба да биде година кога на „феноменот на одгледување и тргување со канабис ќе му биде зададен истребувачки удар“.
– Јас од средината на јули минатата година кога ја презедов функцијата кажав дека 2024 година треба да биде година кога треба да му зададеме истребувачки удар на феноменот на одгледување канабис и сакам да потврдам дека покрај следењето од воздух преку протоколот за соработка што го имаме со Guardia Di Finanza оваа година, почнувајќи од следната недела ќе почнеме да ги користиме и „Бајрактар“ беспилотни летала, кои ќе вршат систематски мониторинг на целата територија на Република Албанија со фокус на борбата против феноменот на одгледување наркотици, главно канабис сатива, изјави Бала.
Додаде дека со беспилотните летала ќе се следат сите други форми на криминал, вклучително и еколошките, дивоградбите, како и во рамки на мерките поврзани со туристичката сезона.
Три турски беспилотни летала „Бајрактар“ на Албанија и беа испорачани на почетокот на месец март годинава.
Што се однесува до состојбата со канабисот, според Бала, во текот на минатата година запленети биле четири тони канабис и уништени 293 илјади стебла од ова наркотично растение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.