Албанија денеска ги прекина дипломатските односи со Иран, кого го обвини за масовни сајбер-напади врз земјата, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама.

„Советот на министри одлучи веднаш да ги прекине дипломатските односи со Исламската Република Иран“, рече Рама.

Иранската амбасада во Тирана добила официјално известување во кое се бара целиот нејзин дипломатски, технички, административен и безбедносен персонал да ја напушти територијата на Албанија во рок од 24 часа.

Рама го обвини Иран дека стои зад „жестокиот сајбер-напад на 15 јули против дигиталната инфраструктура на албанската влада со цел нејзино уништување“.

„Длабинската истрага ни обезбеди неоспорен доказ“ дека нападот бил „организиран и спонзориран“ од Техеран, додаде тој.

Во 2013 година Албанија прифати да ја пречека Народната муџахединска организација на Иран (ПМОИ) на своја територија, по барање на Вашингтон и членките на Обединетите нации. Тоа е движење во егзил, кое е забрането во Иран и е жесток противник на иранските власти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.