Полицијата на Закинтос уапси државјанин на Албанија (27) под сомнение дека ја дрогирал и претепал својата 19-годишна девојка, предизвикувајќи ѝ спонтан абортус.

Се сомнева дека тој во вторникот вечерта ја одвел од нејзиниот дом девојката која била во 2-от месец од бременоста во неговата куќа, каде што ја врзал, ја претепал и ја принудил да пие лекови за да предизвика абортус.

Следното утро со повредите ја однел во болница. Животот на девојката не е во опасност, но потврдено е дека го загубила бебето.

Полицијата го лоцирала и уапсила во средата, а се товари за семејно насилство, предизвикување смрт на плодот, нанесување тешка телесна повреда, но и кражба, бидејќи го одзел мобилниот телефон на девојката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.