Акцијата за гаснење на пожарот што избувна во Кинескиот трговски центар во блок 70 во Нов Белград е многу сложена, се слушнале неколку детонации, а во гаснењето се вклучени и хеликоптери, изјави за Н1 началникот на Одделот за вонредни ситуации Лука Чаушиќ.

Ваквите објекти се полни со запалив материјал. Имаме искуство со гаснење пред нешто повеќе од две години, кога успеавме да спасиме дури 200 локали од 360, меѓутоа, овде пожарот избувна многу брзо, наведе Чаушиќ.

Тој додаде дека пожарникарите пристигнале за 2,3 минути, а за пет минути почнале да го гаснат пожарот, што бил „во фаза на разгорување“.

Многу луѓе се обидуваат да си ја соберат робата и не ги слушаат наредбите да не се приближуваат, но комплицирано е, само се надевам дека нема да има човечки жртви. Гориво има многу, се развиваат огромни температури, па мислам дека овој пожар ќе трае долго, вели Чаушиќ за „Прва ТВ“.

Пожарникар за српските медиуми објасни кажа дека „таму долу има многу плински боци“.

Ако експлодираат, отидовме сите, рече тој.

Нема информации за повредени или загинати лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.