Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ кажа дека гласањето за (не)доверба на неговата Влада не е резултат на потпишувањето на Темелниот договор со Српската православна црква, туку поради заплената на цигари во градот Бар која се случи во мај, а која како што вели Абазовиќ има поврзаност со градежната компанија „Бемакс“.
-За се ова што се случува има само еден проблем, а тој се вика заплена на цигари. Тоа е она што ја започна приказната за да се сруши Абазовиќ. Затоа што тој не е премиер кој би останал два месеца плус на фотелјата, за да прави такви компромиси. Заплената е поврзана со компанијата Бемакс и јас го повикувам специјаниот обвинител да ги истражи овие наводи, вели Абазовиќ.
Според Абазовиќ, оваа компанија била основана неодамна и вели дека во неа членуваат моќници од високите политички ешалони во Црна Гора.
Спорно е што поголемиот дел на робата на пристаништето во Бар е во сопственост на Бемакс или на луѓе поврзани со нив. Од таму, се финансираат кампањи и од тогаш започнаа војна со мене, со Премиерот. Во тој тим се Ранко Убовиќ, Зоран Лазовиќ (поранешен висок полициски функционер), Миливоје Катаниќ (поранешен специјален обвинител) и други“, додава премиерот.
Собранието на Црна Гора во моментов расправа за гласање на (не)доверба на Владата на Абазовиќ, по иницијатива на Демократската партија на социјалистите. Иницијативата беше поднесена по потпишувањето на договорот со СПЦ и беше поддржана од 36 пратеници, што не е доволно за да падне Владата. Судбината на гласањето најверојатно ќе зависи од партијата на Алекса Бешиќ, Демократи, од каде најавија дека својот став ќе го истакнат по расправата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.