Вицепремиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ изјави дека е „релаксиран“ по повод денешната вонредна седница на Собранието, на чиј дневен ред е иницијативата за негово разрешување.
– Не очекувам ништо од седницата, секој нека гласа како што мисли дека треба, изјави Абазовиќ, додавајќи дека на утрешната седница очекува да се изгласа недоверба на актуелната Влада.
Абазовиќ рече дека има неколку опции за тоа како треба да изгледа идната влада, истакнувајќи дека решението се предвремени избори, пренесува „Вијести“.
– Идеално е да имаме влада која ќе има поддршка од најмалку 49 пратеници, кои било 49 пратеници кои сакаат земјата да оди напред. Мислам дека такви има 81, рече тој.
Запрашан дали има безбедносна закана во врска со протестот, тој рече дека ситуацијата е „исклучително редовна“, потсетувајќи дека протестите претходните денови беа мирни.
– Но, ако некој мисли дека прави апокалипса, тоа нема да се случи, порача Абазовиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.