Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ го посети хрватскиот град Дубровник и по тој повод се осврна на војната и бомбардирањето на тој град во кој учествуваше и Црна Гора во 1991 година.
Како дете се сеќавам на бомбардирањето на Дубровник – најголемиот срам на Црна Гора во нејзината модерна историја, земја која тогаш беше заробена во канџите на национализмот, омразата и военото профитерство – истакна Абазовиќ.
Тој потенцираше дека е првиот црногорски премиер кој слободно се шетал по шеталиштето Страдун. Абазовиќ повика на љубов, регионална соработка и градење на европската иднина.
Во есента 1991 година Дубровник беше гранатиран од ЈНА, а во опсадата учествуваше територијалната одбрана на тогашна Црна Гора. Нападите започнаа на 1 октомври, по што беше окупиран добар дел од предградијата на Дубровник. За време на гранатирањето, Стариот град Дубровник, заштитен од УНЕСКО, претрпе значителна штета.
Во 2000 година, актуелниот претседател Мило Ѓукановиќ, тогашен премиер на Црна Гора, официјално ѝ се извини на Хрватска за страдањата и загубите предизвикани од црногорските војници, особено во областа на Дубровник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.