Крвавиот масакр кај Младеновац, во близина на Белград, го извршил Урош Б.(21), објавија српските медиуми. Телеграф јавува дека напаѓачот не е осудуван, но дека претходно бил пријавуван за насилство.

По расправија во училишниот двор тој уби најмалку осум лица, иако неофицијалните информации велат дека се убиени десет. Повеќе од десет се ранети, а некои се реанимирани.

Повеќе медиуми објавија и дека тој се наоѓа во селото Шепшин кое е под опсада на полицијата. Тој преговара со полицајците, но не сака да се предаде. Стравувањата, како што јави Н1 ТВ, се дека може да држи и заложници.

Во акцијата се вклучени сите специјални единици на српското МВР, ангажирани се и хеликоптери и дронови, а на терен се и бројни медицински екипи. Медиумите во Србија пишуваат дека 600 полициски припадници се ангажирани во неговото апсење.

Според последните неофицијални информации тој е опколен во село Шепшин и пука во полицијата. Во крвавиот поход, според некои информации, пукал во дури 18 луѓе, бегајќи низ две села. За Урош Б., во селото велат дека бил малку чуден, но дека никој не посветувал премногу внимание на тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.