Силен дожд проследен со грмежи и ветер ја зафати во петокот вечер Србија. Најпогодена е Војводина, каде ветерот соборуваше дрвја, причинувајќи материјална штета. Одделот за итна помош спаси пет лица, една жена е повредена, а 12-годишно дете загина во Нови Сад од струен удар или гром, јави дописникот на МИА од Белград.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)


Како што пренесуваат српските медиуми, тој тргнал кон куќата на неговата тетка во моментот кога почнало невремето. Соседите го слушнале како вриснал и го пронашле пред зградата во близина на инсталациите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)


Поради невремето без струја се делови од Нови Сад, Бачка Паланка, Темерин, Жабља, Футог, Зрењанин. Невремето ги погоди и Сомбор и Суботица кои исто така имаа прекини на електричната енергија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Припадниците на Одделението за вонредни состојби на МВР спасија пет лица, од кои две деца. Меѓу нив е вработена во трафика во Нови Сад врз која падна дрво од невремето, а пожарникарите-спасувачи од Нови Сад спасија уште четири лица, меѓу кои и две деца од такси кое беше погодено од дрво.

Во Нови Сад, од невремто„одлета“ дел од покривот на Новосадски саем, а соборен е и кран на градилиштето во Детелинара, при што беа оштетени соседните згради.

И во Белград имаше пороен дожд со грмежи и силен ветер. Аеродромот Никола Тесла беше привремено затворен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.