Лионел Меси и репрезентацијата на Аргентина пристигнаа околу 3:35 часот по локално време во Буенос Аирес по освојувањето на Светското првенство. Во Аргентина веднаш беше прогласен државен празник во знак на добредојде на репрезентацијата, која во финалето ја победи Франција по подоброто изведување пенали.
Аргентинците жестоко слават од неделата и илјадници навивачи веќе се собраа на улиците. Стотици илјади навивачи се очекува денеска да излезат на улиците на Буенос Аирес за време на победничката парада.
Многу навивачи веќе кампуваа таму и ги чекаа своите миленици, а некои лежеа на тревата и ги чекаа играчите. Буенос Аирес првпат ги пречекува светските шампиони по 1986 година, кога Аргентина го освои Светското првенство со Диего Армандо Марадона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.