„Од наша страна предлогот на Ковачевски не беше прифатен заради тоа што предлогот од таа страна беше уставни измени да почнат, да се влезе во некоја т.н. широка Влада и да се завршат, а потоа да се оди на избори. Од наша страна уставни измени би можеле да бидат на некој начин опција или разгледувани воопшто, ако разгледуваме уставни измени при влезот на Македонија во ЕУ, тоа беше нашиот коментар на тој предлог“, истакна Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на радио „Лидер“.
Андоновски додаде дека нема да има Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
„Се додека не се сменат овие околности, тоа прашање не може да се дискутира. Прашањето може да се дискутира ако имаме промена по три параметри, едниот параметар е со пресудите од Судот за човекови права во Стразбур, доколку Бугарија не е подготвена да ги примени тие пресуди и да ги имплементира, дури и Судот и Советот на Европа е подготвен да тргна настрана некои од правата и привилегиите кои што Бугарија ги има во ова тело, во оваа институција, а не се малку. На пример се зборува за повлекување на правото на Бугарија да предлага судија во Судот за човекови права, значи тоа е едниот аспект. Вториот аспект се социјално економскиот пакет кој што е многу важен за граѓаните, да видат дека вистина ЕУ има намера да се посвети на Македонија, како прашање, дека вистински верува во решенијата, во присуството на македонските граѓани во ЕУ. И третиот исто така многу значаен аспект се гаранциите кои што треба да стигнат од европските институции за потврдување, ако ги имаат тие веќе ставови, а ние сме сигурни дека другите држави членки така размислуваат, дека македонскиот народ, јазик имаат многувековна историја, имаат идентитетски печат кој што не е создаден во 1945-тата, не е создаден во 1991 туку има свој нормален како и сите други народи развоен пат“, појасни тој.
Тој посочи дека овие три работи очигледно не беа прифатливи за Ковачевски, заради тоа беше ставот на претседателот Мицкоски дека лидерската е неуспешна средба.
„Јас можам да се согласам дека е добро што има комуникација, и што има средба. Затоа што некои од овие прашања треба да се разговараат“, рече Андоновски.
Андоновски укажа дека патот кој што го има избрано Ковачевски не е вистинскиот и граѓаните тоа го масовно го говорат. Во наредниот период работите ќе стануваат почисти и ќе се согледа кој сака подобро решение, а кој веќе потпишал решение и само гледа и бара начин како да го имплементира.
Тој во текот на емисијата рече дека нотарските изјави на пратениците се валидни и дека уставни измени под вакви околности нема да има.
„Нотарските изјави се валидни. Пратениците пред два дена потпишаа и една да речеме афирмација и декларација на ставовите и поддршка за ставовите кои што ги градиме како политичка партија. А, тоа е дека во вакви околности нема да има гласање за уставни измени. И можам да ги охрабрам и да потврдам уште еднаш дека се валидни. Под вакви околности како што ги имаме сега, а го потврдуваме веќе една година е дека нема да има уставни измени затоа што никој во Собранието не добил мандат да гласа за уставни измени во вакви околности“, порача Андоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.