Натпреварот од групната фаза на Светското првенство во 2022 година помеѓу Аргентина и Саудиска Арабија (1:2) привлече 88.012 гледачи на стадионот „Лусаил Иконик“, што го прави најпосетениот натпревар на Светското првенство во последните 28 години.

Претходно повеќе гледачи присуствуваа на финалето на Светското првенство во 1994 година – 94.194 гледачи, а во него играа Бразил – Италија 0:0, на пенали 3:2, стадион Роуз Боул, Пасадена, Калифорнија, САД).

Според официјалната веб-страница на организацискиот одбор на Светското првенство во 2022 година, капацитетот на стадионот Лусаил Иконик е 88.966 гледачи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.