Skip to main content

Дамевски: Работиме на изнаоѓање решенија за исплата на хонорарните соработници на ИФФК „Браќа Манаки“

Директорот на 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски соопшти дека писмото кое денеска беше испратено до Агенцијата за филм, Министерството за култура и туризам и Владата во однос на неисплаќањето на средствата на Фестивалот „Браќа Манаки“ всушност е од поголема група хонорарни соработници, кои со право си ги бараат заработените пари. Тој вели дека раководството на „Браќа Манаки“ е во комуникација со министерот за култура и туризам и се работи на изнаоѓање на решенија за овој проблем.

Деновиве во македонските медиуми се појави отворено писмо од поголема група хонорарни соработници на ИФФК „Браќа Манаки“ во кое тие ја информираат јавноста за неисплаќањето на средствата од страна на Агенцијата за филм кон ИФФК „Браќа Манаки“, средства кои Агенцијата беше должна да ги исплати пред пет месеци, и за долговите во кои „се дави“ фестивалот. Повеќето од овие луѓе живеат од својата хонорарна работа, со право си ги бараат заработените пари и го разбираме и го почитуваме нивниот напор да ни помогнат да ги разрешиме финансиските проблеми на фестивалот, соопшти Дамевски.

Тој потенцира дека писмото не потекнува од ИФФК „Браќа Манаки“.

Писмото не потекнува од ИФФК „Браќа Манаки“, како што погрешно беше објавено, туку од споменатата група на хонорарни соработници, луѓе без кои фестивалот немаше да биде толку успешен и за што сме им бескрајно благодарни, посочи Дамевски.

Како што појаснува тој, раководството на ИФФК „Браќа Манаки“ веќе подолго време е во редовна комуникација со министерот за култура и туризам и се работи на изнаоѓање на одредени решенија. Напомена дека промената на раководното лице во Агенцијата за филм е едно од тие решенија и наскоро ќе биде назначен нов директор.

Министерството за култура и туризам и Владата прават сериозни напори да се откочат процесите во филмската дејност и ние тоа го почитуваме, затоа што знаеме дека се грижат и се посветени на поддршката и помош на фестивалот и на филмската дејност во целост, како меѓународно најуспешна дејност во македонската култура во последниве години. Разбираме дека наследените проблеми не се решаваат преку ноќ исто како што разбираме дека и членовите на фестивалскиот тим треба да ги израдуваат своите деца со новогодишни подароци, додаде Дамевски.

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibom güncel girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibom