Веселин Вујоивиќ, поранешниот ракометен тренер на машката репрезентација ја коментираше актуелната ситуација во нашата репрезентација.

Сигурен сум дека Лазаров на ова СП дојде со други амбици и со желба да се победи барем на еден меч во групата. Но треба да се знае дека Македонија се падна во исклучително тешка група. Нема од што да се срамат, но исто така Македонците брзо забораваат кој си и што си. Брзо забораваат на тоа што си направил и какви заслуги имаш за овој спорт. На оваа репрезентација и треба време, а тие често многу бргу го губат трпението. Според мене ќе биде грешка ако после турнирот се прават промени, истакна актуелниот селектор на Иран.

Македонија денеска го игра првиот натпревар од Президент Купот против Алжир од 15:30 часот во „Орлен Арена“ во Плоцк.

извор: Спортмедиа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.