РК Вардар во следната сезона нема да смета на Филип Талески,Моралес,  Дејан Манасков,  Стојанче Стоилов и Борко Ристовски.

Вардар како голмани ќе ги има на располагање репрезентативците Мартин Томовски и Васил Гогов. Двајцата голмани во минатата сезона на дел од дуелите имаа поддршка од искусниот Борко Ристовски, кој во иднина ќе ја извршува директорската позиција во редовите на „црвено-црните“.

Дојдоа Матија Николиќ од Лока и јапонскиот интернационалец Косуке Јашухира од Висла Плоцк, Стефан Петриќ од Партизан, Нилтон Мело од Викторија и Ансер Родригез од Брага.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.